Вештачката интелигенција (AI) може да ги поврзува информациите за тоа дали НЛО се појавило за време на некои политички или воени настани, може да ги поврзе со некои природни феномени или со податоците на временските сателити и слично, за да се добие поширока слика.
Дали “малите зелени” досега се спуштија меѓу луѓето или барем ја обиколија нашата планета? Немаме одговор на тоа прашање, но јасно е дека нема докази за такво нешто, барем не јавно. Слични детали покажа и специјалниот извештај за НЛО, кој неодамна протече во јавноста, a е наменет за Конгресот на САД. Според извештајот, нема докази дека мистериозните предмети снимени од американската војска во последниве години припаѓаат на вонземска технологија, но мислењето за тоа може да се промени – доколку се најдат докази.
За тоа дали сме сами во вселената, одговорот може да го даде вештачката интелигенција. Во последниве години, бројот на НЛО на кинеското небо е зголемен, односно бројот на нивните набљудувања е зголемен – и од цивилите и од војската. Ваквите непознати објекти што летаат над Кина претставуваат сериозни предизвици за воздушната безбедност на Кина, според Чен Ли од Air Force Early Warning Academy. Тоа е организација во која воениот персонал се подготвува за работа во воздухопловството и радарското и електронско војување на кинеската војска.
За да се реши проблемот со НЛО, Ли вели дека војската се потпира на вештачката интелигенција затоа што AI може „да размислува надвор од рамките“. Кинеската војска собира купишта податоци од радарските станици, пилоти, полициски станици и опсерватории и ги проследува до националната база на податоци за анализа. Потоа, вештачката интелигенција стапува на сила и ги анализира сите тие информации за местото и времето каде е видено НЛО на начин на кој човечкиот мозок не може. На пример може да поврзе информации за тоа дали се појавило НЛО за време на некои политички или воени настани, може да ги поврзе со некои природни појави или податоци од временските сателити и слично, за да добие поширока слика и на тој начин да објасни нешто што на прв поглед изгледа необјасниво – или вонземско.
Единствен пат досега кога Кина официјално потврди НЛО, според „Индипендент“, бил во 1998 година кога два воени авиони пресретнале предмет кој изгледал како „печурка со кратки нозе“ и блескала светлина од средината. Кога авионите се приближувале кон него, предметот исчезнал со голема брзина.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли