Realme gо објави официјалниот датум на претставување на својот GT 5G телефон за глобалниот пазар. Realme GT 5G на 15. јуни ќе биде најавен за меѓунардоните пазари, а настанот ќе биде пренесуван во живо на YouTube.
Интересно е дека кинеската компанија ненамерно ја објави цената на GT 5G смартфонот за пазарите на Европската Унија. Realme GT 5G во ЕУ би требало да има цена од 550 евра за моделот со 12GB RAM и 256GB простор за складирање.
Овој листинг во меѓувреме е отстранет, но секако ги потврди деталите за уредот, вклучувајќи го и тоа дека телефонот ќе биде најевтин модел со Snapdragon 888 чипсет во Европа.