„Текстуални бомби“ можат да го пробијат кој било iPhone или компјутер на Apple, барем така тврдат експертите од подрачјето на сајбер-безбедноста.
Сè што е потребно е на екранот да се прикаже текстуална порака што содржи линк со код, тврдат експертите. Кога ќе се случи тоа, и кога Mac или iOS ќе примат таква порака, веднаш паѓаат.
Ова не е првпат да се открие чувствителност кај ајфоните на текстуална порака што би можела да предизвика проблеми. Иако проблемот не е безбедносен и не дозволува пристап кон ништо чувствително на телефонот, ниту пак го уништува уредот трајно, може да биде непријатен и да го загрижи секој што добил ваква порака.
Програмерот на софтвер Абрахам Масри на почетокот објавил линк со код на програмерската страница Github, но го отстранил, предупредувајќи ги во компанијата: „Реков што мислев. Apple мора посериозно да ги сфати ваквите багови“.
Тој додал дека ја пријавил грешката во Apple пред да ја објави и неговото отстранување значи дека злонамерните пораки не можат да бидат поврзани со него.
Од Apple сè уште немаат дадено изјава за случајот. Недостатокот наречен „KeyOS“, според експертите, е непријатен, но не и опасен.
Експертот Грахам Клулеј изјави дека баговскиот код „KeyOS“ на Apple уредите им задава еден вид „брејнсторм“ и ги „срами“ поради пораката што ја добиваат, па тие одлучуваат дека е најдобро нивниот систем да падне. За среќа, багот повеќе е пречка и не може да доведе до кражба на податоци од вашиот компјутер или мобилен телефон.