Apple и Huawei минатата година ги претставија своите „AI“-фокусирани чипови – A11 Bionic и Kirin 970. Samsung не сака да гледа од страна и неуморно работи на сопствениот Neural Processing Unit (NPU) чип.
Неименувани извори од Јужна Кореја тврдат дека Samsung веќе ги достигнал технолошките нивоа кои ги нудат Apple и Huawei за мобилните уреди. Се напоменува дека Samsung дури ќе претстави и подобри чипови во текот на втората половина од годината.
Јужнокојреската компанија своите „NPU“ чипови започнала да ги развива дури во текот на втората половина на 2017. година, што е причината за заостанување зад конкуренцијата. Со „NPU“, смартфонот може да процесира, анализира и складира податоци без потреба од cloud сервер.
Samsung најверојатно ќе прикаже некои од своите „NPU“ можности за време на „MWC“ саемот во Барселона кој ќе се одржи следниот месец, но засега не е сигурно дали ова ќе се случи на отворена презентација или зад затворени врати.
Првиот уред во кој ќе биде интегриран „NPU“ ќе биде Galaxy Note 9, кој се очекува во текот на септември годинава.
Извор: Benchmark.rs