Colgate E1 е првата паметна четкичка за заби од компанијата Colgate, а се продава во соработка со Apple ексклузивно во Apple Store продавниците, како и преку официјалната интернет страница на компанијата од Купертино.
Четкичката E1 се поврзува со смартфонот со помош на апликацијата Colgate Connect наменета за уредите со оперативниот систем iOS. Оваа апликација помага при следењето на миењето заби, ја мапира устата, нуди совети за ефикасни техники за миење заби, а можно е да се играат и игри.
Colgate не е прва компанија која произведе паметна четкичка, бидејќи на пазарот веќе се наоѓаат неколку слични како што е Kolibree Ara. Во суштина, четкичката на Colgate E1 ја користи технологијата на компанијата Kolibree, поради што се многу слични.
Colgate E1 чини 99 долари, додека за Kolibree Ara четкичката е потребно да се издвојат 129 долари.