Fiat во моментов има само еден електричен автомобил во своето портфолио, што значи дека промената во наредните години ќе биде драстична бидејќи само девет години за ваква трансформација е навистина краток период. Покрај тоа, првиот човек на Fiat – Оливиер Франсоа, објави дека од 2025 година, марката полека ќе започне да ги исклучува моделите со SUS мотори кои ќе им отстапат место на електричните автомобили.
Но, како ќе изгледа идната палета на Fiat, со оглед на тоа што се зборува за целосен премин на возила со батерии? Засега нема апсолутно никаква информација за тоа… Покрај тоа, не е познато кој ќе биде следниот електричен модел на Fiat, а не е познато ниту кога може да се појави на пазарот.
Пред две години беше претставен концептниот модел Centoventi, кој беше замислен како наследник на Panda. Можеби токму ова е автомобилот кој ќе го поведе Fiat во нова ера, бидејќи би било логично наследникот на Panda да ја преземе својата улога како столб на продажбата на Fiat во Европа, а особено во Италија.
Марката со седиште во Торино ќе има пристап до технологијата на Stellantis која има намера да создаде повеќе модуларни платформи за електрични возила, па не мора да значи дека Fiat ќе се ограничи на мали градски автомобили, како што може да се прочита на некои странски автомобилски портали.
Италијанскиот бренд исто така најави дека интензивно ќе работи на решавање на проблемите поврзани со инфраструктурата на јавни полначи, особено за жителите на големите градови кои живеат во згради и немаат гаража на располагање. Fiat најави дека ќе соработува и со архитектот Стефан Боери кој ќе има задача да создаде нов пристап кон архитектурата на урбаните средини со фокус на електричната мобилност.
Извор: Додај Гас