Илјадници родители во Холандија бараат отштета во име на своите деца од видеоплатформата TikTok.
Тие бараат повеќе од 1,4 милијарда евра, објави холандската Фондација за истражување на пазарот на информации (СОМИ). Според Фондацијата, повеќе од 64.000 родители бараат отштета.
Причината е дека TikTok собира податоци за малолетници, без дозвола за насочено рекламирање. Покрај тоа, децата се изложени на опасности преку таканаречени предизвици, во кои корисниците на платформата се прашуваат едни од други да извршат ризични дела.
Фондацијата СОМИ е непрофитна организација посветена на заштита на основните права на корисниците на интернет-услуги.
TikTok е во сопственост на кинеската компанија ByteDance. Операторот на платформата претходно објави дека презема мерки за зголемување на безбедноста на младите корисници.