Nord CE 5G е следниот модел од средниот сегмент на компанијата OnePlus, за кој дознавме неколку детали во претходниот период преку официјални тизери.
Сега имаме целосна слика за она што можеме да очекуваме од телефонот, бидејќи се појавија спецификациите за OnePlus Nord CE 5G.
Се сугерира дека Nord CE 5G ќе има 6,43 инчен 90Hz AMOLED екран, со сензор за отпечатоци под екранот. Ќе го покренува Snapdragon 750G чипсет, а уредот ќе го напојува од батерија од 4500mAh со поддршка за 30W брзо полнење (од 0-70% за 30 минути).
Постојат три камери на задниот дел од телефонот, со 64MP главен сензор Omnivision, 8MP ултра-широк сензор и 2MP сензор за длабочина. На предната страна има селфи камера од 16MP.
Ќе има две опции за RAM меморија и складирање: 6 GB и 64 GB и 8 GB и 128 GB. На полето на софтвер, го имаме OxygenOS 11, базиран на Android 11.
Веќе е потврдено дека OnePlus Nord CE 5G ќе има 3.5мм приклучок и ќе биде тенок 7,9 милиметри.