Mozilla го објави Firefox 89, а новата верзија на прелистувачот пристигнува со Proton интерфејс. Новиот интерфејс ги поедноставува менијата на браузерот и ги менува табовите, кои се поинакви од она што досега го гледавме. Покрај тоа, тука е и подобрената macOS интеграција, како и подобрената приватност.
Кај Proton интерфејсот поедноставени се toolbar-оти другите елементи, така што се отстранети непотребните функции и оние кои помалку се користат. Менијата се преработени, така што се поистакнати оние функции кои повеќе се користат.
Proton ги унапредува и предлозите и известувањата за да имаат почист изглед, а небитните известувања и предупредувања се отстранети. Прикачените табови се заменети со лебдечки табови.
За macOS корисниците, Firefox 89 е подобро интегриран во оперативниот систем, со вклучување на поддршка за еластичен „overscroll“ ефект, кој е достапен и во другите апликации. Покрај тоа, Firefox 89 поддржува и smart zoom.
Private Browser модот сега е повеќе приватен, бидејќи е овозможена Total Cookie Protection функцијата, а ова ги спречува компаниите да ги следат корисниците од сајт до сајт. Тука е и другата верзија на Smartblock функцијата, која овозможува флуидно пребарување на интернет, кога се блокирани трагачите (trackers).