Двете вакцини против коронавирус на кинеската компанија „Синофарм“ се безбедни и ефикасни, покажува студијата објавена во медицинското списание на Американското лекарско здружение.
Научниците чекаа повеќе детали за овие две вакцини иако тие веќе се користат во многу земји, а едната од нив неодамна доби зелено светло од Светската здравствена организација за итна употреба, пренесува „Асошиетед прес“.
Во студијата е заклучено дека вакцините се ефикасни речиси 73 и 78 проценти, како што претходно тврдеше „Синофарм“.
Вакцините направени од инактивирани вируси веќе им се дадени на милиони луѓе во светот.
Светската здравствена организација на почетокот на мај ја одобри вакцината на Институтот за биолошки производи во Пекинг, со што стана првата кинеска вакцина што го добила сертификатот.
Извор: Макфакс