Таблет уредот на Samsung од средниот сегмент, за кој доста информации се појавуваа во претходниот период, сега е официјализиран во Германија. Интересно е дека таблетот не го носи името Galaxy Tab S7+ Lite, како што претходно се сугерираше, туку Galaxy Tab S7 FE.
Практично се работи за посведена верзија на Galaxy Tab S7+ моделот, а Galaxy Tab S7 FE има 12,4-инчен 2560 x 1600p LCD екран осетлив на допир, со 60Hz стапка на освежување.
Таблетот го покренува Snapdragon 750G чипсет, со 4GB RAM и 64GB простор за складирање. На задната страна се наоѓа 8MP камера, додека од предната страна е сместена 5MP камера. Уредот го напојува батерија со капацитет 10090mAh, со поддршка за 45W полнење.
Со таблетот пристигнува и S Pen паметно пенкало, а корисниците добиваат и преинсталирана Clip Studio Paint апликација, која ќе биде бесплатно во текот на првите шест месеци. Уредот поддржува и Samsung DeX.
Galaxy Tab S7 FE има димензии од 284,8 x 185 x 6,3 мм и тежок е 608 грама. На сајтот на Samsung во Германија е наведен со почетна цена од 649 евра, а нуди и поддршка за 5G. Таблетот ќе биде достапен во црна и сребрена варијанта.