Полначите можеби не се производ што ги одушевува љубителите на технологијата, но за оние кои ценат полначи со голема моќност во мали пакувања, новата линија на полначи на Anker – Nano II – е нешто што ќе ги заинтересира.
Новите полначи Nano II, напојувани од галиум нитрид или технологија GaN II, доаѓаат во три модели: 30 (30 долари), 45 (36 долари) и 65 вати (40 долари). Според Anker, тие „поефикасно ја пренесуваат енергијата, зафаќаат помалку простор и ја регулираат температурата подобро од претходната генерација“.
Сите имаат еден USB-C порт и ја користат технологијата PowerX 3.0 на Anker, која „интелигентно му доделува оптимална моќност на поврзаниот уред“, велат од Anker.
Моделот од 30 вати е дизајниран за уреди како телефони и таблети, но исто така ќе може да го полни и MacBook Air.
If you need a new laptop charger, @AnkerOfficial's Nano II 45W and 65W are too affordable and tiny to pass up https://t.co/4KmKN9IEbh
— Android Central (@androidcentral) May 24, 2021
Моделите со 45 и 65 вати можат да полнат и помали уреди, но повеќе се наменети за сопствениците на лаптопи опремени со USB-C, при што верзијата од 65 вати може да полни 13-инчен лаптоп со полна брзина. Конкретно, полначот со 65 вати изгледа импресивно компактен и е за 58% помал од претходниот полнач Anker од 65 вати, велат од компанијата.
Испораката на 10 јуни е достапна за преднарачка на Amazon и Anker. Сè уште не е познато кои ќе бидат цените надвор од САД.
Извор: B92.net