Научничката од Институтот за вирологија во Вухан, д-р Ши Зенгли, позната како „жена лилјак“, ги отфрли тврдењата дека Ковид-19 можел да „побегне“ од нивната лабораторија, а таквите тврдења ги нарекла „тажни и неприфатливи“.
Група од 18 научници, вклучувајќи и еден од најистакнатите светски истражувачи на коронавирусот, повторно започнале расправа за тоа дали Ковид-19 „преку ноќ побегнал“ од лабораторија во Вухан.
Предупредувајќи дека нема доволно докази дека таа можност може да се исклучи, групата пишувала во престижното списание „Science“, вклучувајќи ја и Џеси Блум, биолог од Центарот за истражување на канцер во Сиетл, Ралф Бариџа, истражувач на коронавирусите којшто работел со научници во Вухан и Дејвид Релмен, микробиолог и имунолог од Стенфорд.
This is huge. Eminent virologist Jesse Bloom and Ralph Baric call for inquiry into possible lab leak. University of North Carolina’s Baric did Gain of Function research with Shi Zhengli in 2015. For him to say his research partner’s lab may have leaked SARS-CoV2 is significant. https://t.co/fS1jlEj6UY
— Sharri Markson (@SharriMarkson) May 13, 2021
Меѓутоа, вирологот од Вухан, Ши Зенгли, одговорила на имејлот во петокот наутро поради повикот да ги предаде своите лабораториски документи.
„Тоа дефинитивно не е прифатливо. Кој може да обезбеди доказ кој не постои? Многу е тажно да се прочита ова писмо кое е напишано од 18 научници“, одговорила научничката позната како „жена лилјак“.
Таа додала и дека хипотезата за протекување на вирусот од лабораторија е основана на само неколку експертизи на лабораторијата која веќе долго време работи со коронавирусите и лилјаците, а кои се поврзани со SARS-CoV-1 вирусот.
„Ваквите тврдења дефинитивно ќе им наштетат на угледот и ентузијазмот на научниците кои се посветени на работата на новите животински вируси кои имаат потенцијален ризик за пренос на луѓето и на крајот ја ослободуваат способноста луѓето да спречат следна пандемија“, истакнала таа.
Извор: Srbija Danas