Компанијата Sony на Consumer Electronics Show саемот во Лас Вегас, го претстави „одговорот“ на Samsung Galaxy A8, а тоа е Xperia XA2.
Станува збор за телефон на Sony кој што може да се каже дека е опремен со просечен хардвер и има „средни“ спецификации, но затоа, неговиот најголем адут е одличната камера.
Xperia XA2 е опремен со задна камера од 23 мегапиксели, додека на предната страна од уредот се наоѓа селфи камера од 8 мегапиксели. Задната камера може да снима видеа во 4К резолуција, додека пак предната камера ќе може да направи широкоаголни фотографии од 120 степени.
Кога станува збор за надворешниот изглед, Xperia XA2 е доста сличен со претходно представените уреди и има подебели рабови на горната и долната страна.
Xperia XA2 поседува 5,2-инчен IPS LCD екран со резолуција од 1920х1080 пиксели, потоа Qualcomm Snapdragon 630 процесор и 3 GB RAM меморија. На задната страна од телефонот е сместен сензорот за отпечатоци на прсти, а уредот го напојува батерија со капацитет од 3,300 mAh.
Xperia XA2 користи оперативен систем Android 8.0 Oreo, а веќе овој месец телефонот на Sony ќе биде пуштен во продажба.
Извор: Klix.ba