Facebook официјално ја објави огромната промена која претстои при начинот на кој социјалната мрежа ја покажува содржината на своите корисници. Експериментот кој веќе неколку месеци се изведува во Словачка, Шри Ланка, Србија, Боливија, Гватемала и Камбоџа – во News Feed да се дава предност на содржини од семејството и пријателите пред медиумските и другите публикации, ќе стане факт за сите земји во светот и сите 2 милијарди корисници.
Кај “експерименталните држави” сообраќајот кон медиумите е урнат со меѓу 60 и 80% по воведувањето на промените. За да се гледаат медиумските пораки во News Feed-от на корисниците, тие ќе треба да бидат засилени со пари или да се плаќа за реклама, пишува Reuters.
Ова е најголемата стратешка реформа на содржината во последниве години во социјалната мрежа. Нејзиниот алгоритам досега приоритетизираше содржина која, нејзините компјутерски алгоритми проценуваа дека ќе го испровоцира корисникот да му се допадне или коментира.
Марк Цукерберг, 33-годишниот основач на компанијата, напиша вчера во својот профил дека целта не е веќе таква и наместо тоа Facebook ќе им помага на корисниците да имаат “повеќе значајни социјални контакти”. “Кога ќе го воведеме тоа ќе гледате помалку публикации на фирми, брендови и медиуми”, рече тој.
„Чувствуваме одговорност да обезбедиме нашите услуги да не бидат само забавни за користење, туку и добри за луѓето. Поради тоа внимателно го проучувавме овој тренд гледајќи академски истражувања, односно вршејќи сопствени истражувања. Истражувањата покажуваат дека користењето на социјалните мрежи за поврзување со луѓето кои ни значат може да биде добро за нас. Можеме да се чувствуваме поврзани и помалку осамени. Од друга страна, пасивното читање на текстови и гледање на видеа, дури и ако се забавни и информативни, можеби не е еднакво добро“, напиша Цукерберг.
One of our big focus areas for 2018 is making sure the time we all spend on Facebook is time well spent.We built…
Posted by Mark Zuckerberg on Четврток, 11 јануари 2018
Закерберг вели дека главна цел на оваа социјална мрежа сега е помагање во социјалните интеракции, а не пронаоѓање на релевантна содржина.
Промените во тој правец започнаа уште од минатата година, а ќе биде потребно новиот фокус да дојде до сите производи, додека првите промени ќе се видат токму на News Feed.