Посетителите на најголемиот саем за електроника и технолошки иновации кој што секоја година во јануари се одржува во Лас Вегас во Невада, останаа изненадени откако најголемиот дел од Конгресниот центар остана без електрична енергија.
Откако на CES во Лас Вегас снема електрична енергија, биле евакуирани делови од центарот со површина до 3 милиони квадрати, а пристапот до локацијата за кратко време им бил ограничен на посетителите.
Од организаторите на саемот за електроника и технолошки иновации преку соопштение открија дека поради проблемот со електричната енергија, веднаш ја контактирале електродистрибутивната компанија, по што саемот добил електрична енергија после два часа.
Причината поради која што саемот CES на два часа остана без електрична енергија засега не е позната, а се шпекулира дека проблемите со доводот на електрична енергија настанале поради обилните врнежи на дожд.
Токму во Конгресната сала стотици новинари седеле во мрак, а просторијата одредено време била осветлувана само од паметните телефони и лаптоп компјутерите кои што работеле на батеријата.
На најголемиот саем за потрошувачка технологија во Лас Вегас, досега беа претставени бројни технолошки иновации, а како што пренесува новинската агенција “AP”, иако досега беа претставени бројни роботи, дронови и паметни уреди, во суштина на CES се натпреваруваат два гиганти – Гугл и Амазон.
Извор: B92.net