Вакцините против коронавирусот се клучната алатка во борбата против пандемијата на коронавирусот, а вакцинацијата како што знаеме е во тек ширум светот.
Но, се поставува прашањето: можат ли пушачите да продолжат со пушењето цигари непосредно пред или по вакцинацијата и дали цигарите ќе влијаат на делувањето на вакцината против Ковид-19?
Според СЗО, пушачите имаат поголем ризик од зараза од коронавирусот, па токму тие би требало да се вакцинираат што порано за да се заштитат. Освен тоа, пушењето исто така го намалува капацитетот на белите дробови и го зголемува ризикот од заболувања од неколку други респираторни болести.
Во многу извештаи се наведува дека пушачите се во поголем ризик од развој на потежок облик на Ковид-19.
Д-р Вишакха Шавасани истакнала дека луѓето не треба да пушат цигари по примањето на првата доза на вакцината поради тоа што токму цигарите можат да го намалат одговорот на антителата.
Таа на пушачите им препорачала дека во тој период најдобро е да користатникотински фластери и да ги избегнуваат цигарите по вакцинацијата.
Таа истакнала дека секоја личност би требала да спие по шест часа во текот на ноќта во неделата пред да се вакцинира. Препорачала и пробиотици, наведувајќи дека 70 отсто од имунолошките клетки се наоѓаат во системот за варење, па поради тоа здравјето на цревата е многу важно.
Таа исто така истакнала дека стресот може да влијае на имонолошкиот одговор на организмот, а луѓето кои што треба да се вакцинираат ги советувала дека освен цигарите треба да го избегнуваат и алкохолот, барем три дена пред и после вакцинацијата.
Докторката препорачала и дополнително внесување на цинк кој што го зголемува имунолошкиот одговор, а нагласила дека секако дека треба да се внесува повеќе храна која што е богата со протеини.
Извор: N1info
Поврзани артикли