Првата Супермесечина годинава е позната и како Розова месечина и се појави вечерта на 26 април и ноќта на 27.
Овој феномен настанува кога Месечината истовремено е во својата комплетна фаза, односно полна или млада Месечина, и која скоро се совпаѓа со перигеј, односно најблиското растојание на кое Месечината се наоѓа од Земјата во својата елипсовидна орбита.
Според Националниот институт за географија на Шпанија, Месечината ноќното небо ноќеска го осветлила со големина 12 проценти поголема отколку вообичаено. Воедно, оваа Месечина е и за 30 % посветла од обичната полна Месечина.
Името Розова месечина го добила според еден розов цвет кој расте во источниот дел на САД и кој важи за еден од најраните пролетни цвеќиња.