HMD Global неодамна претстави два Nokia 5G телефони – Nokia X10 и Nokia X20. Сега извештаите сугерираат дека компанијата планира да објави уште еден 5G смартфон, а планирано е да се појави во текот на третиот квартал оваа година.
Најновите информации споменуваат дека Nokia подготвува наследник на Nokia 8.3 5G, кој може биде наречен поинаку. Се сугерира дека ќе се вика Nokia X50, но тоа сè уште не е потврдено.
Nokia X50, наводно, ќе користи се уште необјавен Snapdragon чипсет. Тоа може да биде моделот Snapdragon 775 / 775G, кој ќе има значајна надградба во однос на Snapdragon 765G.
Покрај тоа, Nokia X50 може да користи систем со пет камери, од кои главниот сензор треба да има 108MP. Останатите сензори може да бидат ултраширок, телефото, макро и сензор за длабочина. Nokia се очекува да користи Zeiss оптика и PPE Audio технологија.
Nokia X50 може да има 6,5-инчен QHD+ екран со PureDisplay V4 и поддршка за освежување од 120Hz. Исто така, се сугерира постоење на батерија од 6000mAh со 22W полнење.
Поврзани артикли