Ново истражување на Европската федерација за транспорт и животна средина, спроведено во 15 европски градови, покажува дека скоро две третини од населението ја поддржува забраната за продажба на нови бензински и дизел автомобили по 2030 година
Во интернет-анкетата учествувале 10.050 лица од осум европски земји – Белгија, Франција, Германија, Унгарија, Италија, Полска, Шпанија и Велика Британија.
Истражувањето покажува дека 63 проценти од жителите на градовите кои се најмногу изложени на токсични нивоа на загадување на воздухот го поддржуваат возењето без емисии по 2030 година.
Европската унија постави високи цели поврзани со климатската зона. Со помош на Зелениот план, Европа до 2050 година треба да стане првиот континент кој ќе ги отстрани емисиите на јаглерод диоксид (СО2). Преодната цел на ЕУ е да ги намали емисиите за 60 проценти до 2030 година во споредба со нивото од 1990 година.
Пет земји-членки на ЕУ законски го дефинираа постигнувањето на климатска неутралност: Шведска планира да има нула стапка на емисии до 2045 година, а Данска, Франција, Германија и Унгарија до 2050 година.