Во зависност од теренот, дебелината на тркалата се менува, а се претпоставува дека првата апликација треба да биде на роверите што ќе одат на Марс или на Месечината.
Ако сте ги гледале Transformers, ова нема да ве изненади, освен можеби фактот дека може да има апликација во реалниот живот или на некоја друга планета. Новиот дизајн на тркалата го користи она што се нарекува оригами шема за промена на облиците. Ваквите оригами тркала не се баш нови, но претходните дизајни не издржуваа голем товар за време на процесот на транзиција.
Новото тркало може да носи повеќе од 1020 килограми дури и при промена на формата. Оригами дизајнот на новото тркало користи флексибилни мембрани кои се придвижуваат. Новиот концепт нуди флексибилност и мекост, овозможувајќи апсорбирање на ударите и изобличувања од неправилни форми на тлото – слично на конвенционалните гуми. Покрај тоа, шарата помага да се тркала на различни терени.
Во зависност од теренот, дебелината на тркалата се менува, а се претпоставува дека првата апликација треба да биде на роверите што ќе одат на Марс или на Месечината. Ако идниот ровер користи тркала како овие, тоа дури може да го продолжи животниот век на овие вселенски возила, бидејќи тие подобро ќе ги апсорбираат несовршеностите во животната средина.
Истражувачкиот тим кој стои зад новиот концепт на модуларно тркало ги вклучува Националниот универзитет во Сеул, Универзитетот Харвард и Hankook Tire and Technology Co., кои заеднички признаваат дека новиот прототип на тркало засега нема поголем комерцијален потенцијал. Но, тимот верува дека неговата привлечност на пазарот може да се подобри со интегрирање на прототипот со конвенционален процес на производство на класичните гуми.
Извор: Додај Гас