Генералниот менаџер на Redmi брендот го најави гејминг телефонот на компанијата пред неколку месеци, но оттогаш малку е откриено за уредот. Сега дојавувачот Digital Chat Station ни ги открива главните детали за мистериозниот гејминг смартфон на Xiaomi.
Од предната страна, телефонот ќе има рамен OLED панел, со punch-hole дизајн за селфи камерата. Телефонот ќе го покренува Dimensity 1200 чипсет, а ќе го напојува батерија од 5000mAh. Се очекува поддршка за 65W брзо полнење, а наводно се полни до врв за 30 минути.
Се очекува дека Redmi телефонот ќе има и физички копчиња на рамката, што ќе го подобри гејминг искуството. Новинарот сугерираше и ценовен ранг помеѓу 300 и 380 долари, што сугерира дека ова ќе биде еден од најевтините гејминг телефони на пазарот.
Поврзани артикли