Жителите на планетата Земја можат да бидат мирни, бидејќи американската вселенска агенција NASA потврди дека планетата е „безбедна“ барем во следните 100 години од астероидот кој се сметаше за најопасен.
Од откривањето на астероидот Апофис во 2004 година, NASA го сметаше за еден од најопасните за Земјата.
Подоцна беа исклучени претходните предвидувања дека тој може да помине покрај нашата планета во 2029 и 2036 година, објави Би-Би-Си.
Одредена закана остана за 2068 година, но сега NASA ја отфрли таа можност заснована на новата анализа за астероидот.
„Удар во 2068 година веќе не е во доменот на можноста, а нашите пресметки не покажуваат ризик од удар барем во следните 100 години“, рече Дејвид Фарночиа од Центарот за истражување на објекти во близина на Земјата (CNEOS) во лабораторијата на NASA.
Астероидот, именуван по античкиот египетски бог на хаосот и темнината Апофис, е широк 340 метри, што е должина скоро како три фудбалски игралишта.