Платформата за познанства и љубовни состаноци, Tinder наскоро ќе воведе можност за дополнително проверување на луѓето со кои се допишувате на оваа апликација.
Како што објави „Мен’с хелт“, компанијата сопственик на Tinder – Match Group се поврзала со платформата Garbo, која се занимава со проверка на оние работи што вообичаено не може да ги најдете на социјалните мрежи, како што се евиденција за насилство или сексуална злоупотреба, апсења, пресуди, наредби за ограничување или задолжителна оддалеченост…
Иницијативата за овој потег на Tinder следува откако последниве години се забележани и пријавени поголем број насилници и силувачи корисници на платформата.
Оваа опција најпрво ќе биде достапна во САД и, се верува дека наскоро потоа ќе биде достапна и во остатокот од светот.
Match Group веќе го користи тоа на други платформи што ги поседува – Hinge, OK Cupid и Plenty of fish.
Поврзани артикли