Huawei официјално ја стартуваше својата Програма за жени програмери (Huawei Women Developers Program), чија цел е да ги поттикне жените програмери да креираат апликации и алатки кои можат да го променат светот. Програмата е наменета да охрабри повеќе жени да се приклучат на технолошките иновации, обезбедувајќи им на учесниците повеќе можности и платформи за развој на кариера и обука за вештини. Секоја жена програмер од целиот свет може да се регистрира за да се приклучи на програмата на официјалната веб-страница на Huawei Developers.

Huawei во соопштението наведува дека, во дигиталната ера, мора да им се дадат повеќе можности и поддршка на жените, за да им се осигура пристап до образование и обука што им се потребни за да бидат фундаментално конкурентни во дигиталната економија. Опремувањето на жените со овие вештини, се докажа дека ја промовира социјалната интеграција и инклузивните и разновидни општества.

Сениор потпретседателот на Huawei, Чен Лифанг изјави: „Веруваме дека жените ќе ги предводат технолошките иновации. Се надеваме дека програмата за жени програмери на Huawei ќе им помогне на жените подобро да ги искористат своите таленти и единствената вредност и ќе им даде можности да ги покажат своите лидерски способности. Ова ќе помогне да се направи нашиот свет подобро место“.

Програмата за жени програмери на Huawei е најновата иницијатива што ја презеде Huawei, како дел од својата заложба за промовирање на родовата еднаквост. Програмата ќе им обезбеди на учесниците обука за технолошки иновации и патеки за развој во кариерата, заедно со можности да се сретнат со експерти за најсовремени технологии од различни области и да учествуваат во експерименти и вежби базирани на практични сценарија. Huawei се надева дека ќе создаде специјална заедница за жени програмери на платформата за програмери и ќе организира серија онлајн и офлајн настани.

Преку својата постоечка Shining-Star програма, Huawei им нуди на жените програмери и посебни стимулации за поттикнување на иновации и претприемништво. Учесниците од оваа програма, кои развиваат извонредни проекти со голем потенцијал, ќе имаат можност да бидат претставени во идните кампањи и да бидат поканети на други официјални настани на Huawei.

До денeшен ден, Huawei успешно покрена слични програми за обука за дигитални вештини за жени во многу земји, вклучувајќи ги Ирска, Аргентина, Бангладеш, Кенија и Јужна Африка. Над 30 проценти од учесниците во другите ИКТ програми за обука на Huawei, како што е Seeds for the Future, се жени.

Програмата за жени програмери на Huawei сега е отворена за жените програмери од целиот свет. За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страница на Huawei Developers на следниот линк: https://developer.huawei.com/consumer/en/programs/hwd.