Samsung работи на проширување на својата Galaxy Book серија, преку нови Windows лаптопи. Претходно се појавиja информации дека наскоро ќе пристигнат два нови Galaxy Book Pro лаптопи, а спецификациите на Galaxy Book Pro и Pro 360 моделите веќе се појавија онлајн. Сега имаме и рендери од двата лаптопа.
Фотографиите од лаптопите ни ги овозможи дојавувачот Еван Блас (@evleaks). Galaxy Book Pro најверојатно ќе биде наследник на минатогодишната Galaxy Ion линија, а Galaxy Book 360 би можел да пристигне како наследник на Galaxy Book Flex серијата. Според наводите на дојавувачот, двата лаптопа ќе бидат достапни во големини од 13 и 15 инчи. Покрај тоа, Samsung ќе ги понуди во две опции во бои – сина и сребрена за Galaxy Book Pro и Navy и Gold за 360 моделот.
Лаптопите ќе имаат OLED дисплеј, а сега на Galaxy Book Pro серијата се очекува и поддршка за S-Pen. Се очекуваат повеќе конфигурации со 11-та генерација Intel Core i5 и Core i7 процесори. Процесорите би можеле да бидат спарени со Nvidia Mx450 графичките карти. За Galaxy Book Pro се очекуваат Wi-Fi и LTE модели, додека Galaxy Book Pro 360 би лотреба да добие Wi-Fi и 5G варијанти. Лаптопите ќе имаат и Thunderbolt 4 порт.
Нема информации за датумот на објава, цената и пазарите на кои ќе бидат достапни лаптопите. Се очекува дека ќе бидат претставени за време на Samsung Unpacked настанот во април.