Пазарот за достапни телевизори станува сè побогат, а Редми сега ги официјализира своите најнови модели. Во прашање се Redmi Smart TV X50, X55 и X65, кои ги карактеризираат идентични спецификации.
Сите три телевизори имаат LED панели со 4K резолуција, HDR10+ и Dolby Vision поддршка, како и 92% покриеност на DCI-P3 спектарот на бои. Максималната брзина на освежување изнесува 60Hz, а Xiaomi ги нуди Vivid Picture и Reality Flow MEMC функциите за подобрување на сликата.
Во секторот на звук, сите три модели имаат два звучници од 15W, со DTS Virtual X и Dolby Audio, а тука е и Dolby Atmos за поврзување на поддржан soundbar.
Новите Redmi TV X-series телевизори користат MediaTek MT9611 чипсет, имаат 2GB RAM и 16 GB простор за складирање. I/O слотот го сочинуваат 3 x HDMI портови 2,1, 2 x USB, оптички аудио приклучок, Етернет порт и приклучок за слушалки. Телевизорите имаат и dual-band Wi-Fi и Bluetooth 5.0 конекција.
Redmi TV X50 има цена од околу 455 долари, 55-инчниот модел чини околу 537 долари, додека најголемиот X65 има цена од околу 800 долари.