Американската компанија „Модерна“ соопшти дека е вакциниран првиот учесник во раната фаза на проучувањето на нова потенцијална вакцина против Ковид-19, кој потенцијално може да се чува и да се испраќа во фрижидери наместо во замрзнувачи.
Компанијата соопшти дека нејзиниот прв кандидат би можел да ја олесни дистрибуцијата, особено во земјите во развој каде што проблемите со синџирот на снабдување може да ги спречат кампањите за вакцинација, пренесува Ројтерс.
Студијата во раната фаза ќе ја процени безбедноста и имуногеноста на вакцината од следната генерација, одначена како mRNA-1283, во три нивоа на доза и ќе им се дава на здрави возрасни лица во единечна доза или во две дози, одвоени 28 дена, навела компанијата.
„Модерна“ исто така планира да ја процени ефикасноста на новата вакцина, mRNA-1283, како потенцијална втора доза во идните студии.
Извор: B92.net