Британската влада, предводена од Борис Џонсон, побарала физибилити студија за создавање патна линија помеѓу Северна Ирска и Шкотска
Џонсон смета дека ваков пат ќе и помогне на економијата на двата дела на Велика Британија, а ќе го забрза и закрепнувањето по кризата со пандемијата на корона вирусот. Сè уште нема официјални податоци за тоа колку може да чини еден ваков сериозен проект, но BBC наведува дека може да биде помеѓу 15 и 20 милијарди фунти.
Сето ова е дел од пошироките напори на владата на премиерот Џонсон, која си постави за задача да ја подобри патната мрежа во Велика Британија, запоставена со години. Издвоени се 20 милиони фунти за поправки и подобрувања на пофреквентните патишта во Велика Британија. Премиерот наведува дека желбата е драстично да се подобри „пан-британскиот“ транспорт, а деловите од земјата да бидат уште подобро поврзани.
Но, Џонсон е заинтересиран и за други форми на сообраќај во самата Британија. Тој наведува дека се разгледуваат опции за понатамошни измени во даночните обврски за авиокомпаниите што би работеле меѓу делови на Велика Британија, а тука е и железничката пруга. Џонсон наводно сака да ја обнови и подобри пругата северно од Њукасл па сè до Глазгов со што временскиот интервал потребен за патување од Глазгов до Лондон ќе стане значително пократок.