Најновото истражување на универзитетите Аојама Гакуни и Јамано во Токио донесува повеќе информации за тоа колку вирусот се пренесува само преку разговор.
Истражувањето е објавено во Physics of Fluids и дава детален увид за тоа како капките од респираторниот систем патуваат во текот на нормален разговор, потврдувајќи дека понекогаш не се доволни два метра оддалеченост додека зборувате за да бидете безбедни.
Истражувачите користеле ласери за визуализација на капките кои ги следеле додека учесниците разговарале. Откриле дека капките кои излегуваат од човек без заштитна маска излегуваат и се спуштаат на други, но ни носењето маски во некои сценарија не штити во целост, како на пример во здравствената и козметичката нега.
Се истакнува е дека човекот кој зборува испушта аеросолен облак кој има тенденција да се прилепи на телото поради телесната топлина.
Откриено е и дека комбинацијата од маска и визир за лице спречува аеросолите кои истекле од рабовите на маската да паднат на друг човек.
Извор: Klix.ba