Во 2013-та година Едвард Сноуден, кој беше поранешен вработен во американската агенција за национална безбедност, објави информации за програмите за шпионирање врз граѓаните од страна на оваа агенција. Сега тој има ново работно место – програмер.
Тој во петокот преку видео порака објави апликација за на телефон која има за цел да ги заштити лаптопите од неовластено чепкање. Апликацијата го има името Haven. Snowden ја разви апликацијата во соработка со Freedom of Press Foundation и Guardian Project. Низ социјалните мрежи, апликацијата доби мешани реакции. Некои ги поздравуваат безбедносните можности на апликацијата, други не му веруваат на Snowden, а со тоа и на апликацијата. Edward Snowden уште од 2013-та година живее во Русија, каде што тој доби азил, а државните власти одбиваат да го предадат на американските власти.