Научници тврдат дека откриле три вида ајкули кои живеат во водите на Нов Зеланд, а кои светат во темнина.
Ајкулите се пронајдени на океанското дно источно од Нов Зеланд, а една од нив може да порасне до 180 сантиметри. Станува збор за познати видови, но за првпат во нивниот случај е потврден феноменот на биолуминисценција.
Многу морски животни, како и некои инсекти, произведуваат светлина, а ова е прв пат феноменот да е установен кај големи ајкули.
Научниците сметаат дека на ајкулите им свети стомакот, а тоа го овозможуваат клетки кои се наоѓаат во кожата и произведуваат светлина.
Споменатите ајкули живеат во „зоната на самракот“, односно на длабочина меѓу 200 и 1.000 метри.