Новината која доаѓа од Германија, а поврзана со автономната технологија, сугерира дека во овие автомобили ќе мора да им биде таканаречена „црна кутија“, во која ќе се регистрира сè што се случува во автомобилот
Инсталирањето на црни кутии во патничките автомобили, иако обични, не е нешто ново и дефинитивно треба да се поддржи идејата со цел да се намали бројот на случаи од „не знаеме“. Како што стојат работите, сите автономни автомобили што ќе возат по патиштата во Германија ќе мора да имаат црни кутии, а главната причина за тоа е анализата по можна сообраќајна несреќа, иако на некои можеби не им се допаѓа идејата и ќе најдат голем број причини да се спротивстават.
Германското Министерство за транспорт, со цел регулирање на системите за автономно возење, подготвува нацрт-закон со кој ќе стапи на сила правилото дека секој автомобил што има можност за полуавтоматска или автоматска контрола мора да има инсталирано црна кутија. Британскиот ВВС наведува дека ваквиот систем ќе биде надлежен за следење на сите одлуки донесени од системот за автономно управување. Истото важи и за предупредувањето од системот за можна потреба од интервенција на самиот возач. Покрај инсталацијата на црни кутии, во нацрт-законот се дефинирани и обврските на возачите на автономни автомобили. Логично и разбирливо, возачот ќе мора да седи зад воланот додека вози, но нема да мора директно да ја следи состојбата во сообраќајот!? Со други зборови, ќе може гледа во својот мобилен апарат, да чита весник… без никакви проблеми!
Добрата работа во целата приказна е фактот дека законот сè уште не е испратен на гласање, па затоа е предмет на измени, за кои е очигледно дека му требаат, пред да се донесе ова лето. Очигледно, Tesla, неговиот автопилот и неодамнешната несреќа, ја отворија „пандорината кутија“, која со себе носи законодавство што првенствено се однесува на „паметните“ системи за контрола. Колку ќе бидат успешни овие регулативи и колку всушност е безбеден целиот систем на автономно управување, ќе покаже времето.
Извор: Додај Гас