Рускиот астронаут Сергеј Рјазански кој се врати од меѓународната вселенска станица, откри како мириса вселената.
„Морам да кажам дека само прашањето `на што мириса вселената` го разгледувавме со сите тимови на станицата. Штом ја отворите вратата, мирисот на вселената веднаш влегува во модулот. За мене е тоа многу специфичен мирис на заварување на метал и тоа некоја специфична нијанса.“
Според неговите зборови и американскиот астронаут Џек Фишер вели дека мирисот на вселената е сличен на мирисот на топол метал, но дека повеќе потсетува на мирис кој се јавува кога возот сопира.
„А астронаутот на НАСА, Ренди Брезник мирисот на вселената го потсетува на супа од печурки, но сите ние заклучивме дека нешто не е во ред со неговото сетило за мирис.“
„Голем број од нас го споредија овој мирис со загреан метал. Тој е многу специфичен и не може со ништо да го помешате.“
Леталото Сојуз МС-05 со рускиот астронаут Сергеј, американскиот астронаут Рендолф и италијанскиот астронаут Паоло се врати на 14-ти декември на Земјата, по 139 денови поминати во вселената.