Американскиот мултимилионер и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, објави дека во следните пет години планира да инвестира две милијарди долари во борбата против климатските промени.
Во изјава за германски „Ханделсблат“, Гејтс вели дека тоа ќе бидат инвестиции во почетни компании и други проекти и дека неговата цел е да спречи климатска катастрофа.
Зборувајќи на виртуелната минхенска конференција за безбедност, коосновачот на Мајкрософт ја повика меѓународната заедница да вложува во фабрики за ваkцини.
Тој бил на чело на глобалната кампања за искоренување на заразни болести. Неговата хуманитарна фондација донирала 1,8 милијарди долари за истражување на SARS-KoV-2, како и за развој и дистрибуција на ваkцини ширум светот.