AirPods слушалките на Apple се многу популарни, а моментно е актуелна втората генерација, која наскоро може да добие надградба.
Apple се очекува да ја објави третата генерација на AirPods во наредниот период, а сега имаме некои информации за овие слушалки. Според новиот извештај, AirPods 3 би можеле да ја содржат ACN технологијата (Active Noise Cancellation) што е присутна и на AirPods Pro моделот.
Претходните гласини сугерираа и дека новите безжични слушалки ќе добијат нов дизајн, кој е посличен на AirPods Pro моделот. Наводно, ќе имаат помала дршка, додека капачето за уво ќе може да се менува. Се очекува и релоциран порт за сензори/притисок.
Футролата за полнење на AirPods 3 слушалките ќе биде слична на онаа на Pro варијантата, но ќе биде помалa. Ќе постои индикатор за полнење од предната страна и ќе поддржува безжично полнење.
Извештајот споменува и дека квалитетот на звукот кај новите слушалки ќе биде значително подобрен, а корисниците ќе добијат и Active Noise Cancellation технологијата благодарение на новиот дизајн.
Apple се очекува да ги објави новите AirPods 3 слушалки до крајот на првиот квартал оваа година.