Xiaomi не објави премногу информации за претстојната Redmi Note 10 линија телефони. Презентацијата на уредите е закажан за 4 март, а компанијата објави неколку тизери за основните карактеристики на уредот – Gorilla Glass заштита, сертификат IP52. Барем еден од моделите ќе има рамен дисплеј со отвор за селфи камерата, заоблен заден дел и сензор за отпечатоци од страна на рамката.
Одредени извори од индустријата сугерираат дека ќе видиме најмалку три смартфони во рамките на претстојната линија – стандардниот модел Redmi Note 10, кој најверојатно е прикажан на официјалните тизери има LCD екран од 120Hz и чипсет Snapdragon 735G; Note 10 Pro кој би можел да има OLED екран, можен Hi Res звук, брзо полнење, главна камера од 108MP и Snapdragon 750G чип; сега се споменува и трет уред – можниот Note 10 Pro Max.
Во овој момент има малку дополнителни информации за Note 10 Pro Max моделот. Според наводите, телефонот ќе биде достапен во две варијанти на меморија и простор за складирање: 8GB/128GB и 6GB/ 128GB, како и три опции во боја – црна, сина и бронзена. Гласините споменуваат и поголема батерија во споредба со стандардниот и Redmi Note 10 Pro, чиј капацитет на треба да биде околу 5050mAh.
Повеќе детали и официјални информации ќе добиеме за време на официјалното претставување на Redmi Note 10 линијата, што ќе се одржи на почетокот на март.