Овие денови се појавија скриншотови, што го откриваат Oppo Find X3 смартфонот со ознака на модел PEDM00, како и информации дека телефонот има 8GB RAM меморија и го користи ColorOS 11.2 базиран на Android 11. Сега телефонот се појави на Geekbench, кој потврдува 8 GB RAM и Android 11.
Чипсетот, кој го покренува телефонот е наведен како „kona“, што е кодно име за Snapdragon 865 SoC. Меѓутоа, една од скриншотовите од порано ја покажа About страницата за Find X3, откривајќи дека телефонот ќе има Snapdragon 870 чипсет (практично Snapdragon 865++, бидејќи го дели најголем дел од спецификациите со чипот 865+, но главното јадро има такт од 3,2 GHz).
Останатите спецификации на Oppo Find X3, кои се појавија порано, вклучуваат FullHD+ екран, 256GB простор за складирање и 12,6MP камера.