Според неофицијални информации, првиот човек на Facebook, Марк Цугерберг им дал инструкции на своите софтверски инженери да започнат да работат на апликација која ќе биде слична на онлајн платформата Clubhouse.
Апликацијата Clubhouse е релативно нова апликација, која се појави во 2020 година. Тоа е платформа за аудио разговор каде корисник може да стане само оној кој ќе добие повик од некој што веќе ја користи.
Од Facebook веќе пристигна информација дека работат на решенија кои на корисниците ќе им понудат нови начини на комуникација, а сега како продолжение на таа приказна доаѓа веста дека станува збор за аудио формат, што Facebook планира да го користи во рамките на своите услуги и апликации.
Mark Zuckerberg on @joinClubhouse now ??? pic.twitter.com/HhDErqrxpm
— Andrew Chen (@andrewchen) February 5, 2021
Неофицијалните информации сугерираат дека Facebook им дал инструкции на своите софтверски инженери да започнат да работат на апликација која ќе биде слична на Clubhouse. Работата на проектот е на самиот почеток, па сигурно ќе биде потребно многу време додека не се појави првата „употреблива“ верзија на апликацијата.
Clubhouse успеа да предизвика многу полемики за кратко време, бидејќи содржината на платформата не е модерирана, односно нема контрола врз тоа што објавуваат корисниците.
Покрај тоа, новата мрежа, меѓу другите, привлече и многу познати личности, па нејзини корисници се и Опра Винфри, Ештон Качер, раперот Дрејк и секако Елон Маск.