Додека сè уште во тек е реализацијата на Wi-Fi 6 технологијата, која ја наследува Wi-Fi 5 во изградбата на безжична мрежа со краток опсег, благодарение на отворањето на фреквенцискиот опсег од 6 GHz, Wi-Fi добива нов исчекор – Wi-Fi 6e.
Како и Wi-Fi 5, Wi-Fi 6 работи на две фреквенции (2,4 GHz и 5 GHz), но некои Wi-Fi 6 уреди ќе можат да работат на фреквенција од 6 GHz, па затоа добија посебна ознака.
Со ослободувањето на новиот високофреквенциски опсег за Wi-Fi се отвора низа канали со високи перформанси. Така, Wi-Fi 6e може да ја зголеми испораката на податоци, но во тој фреквенциски опсег му недостасува пократок опсег – нешто како пократкиоот опсег mmWave.
И покрај тој пократок опсег, експертите го нарекуваат ослободувањето на фреквенцискиот спектар 6 GHz за Wi-Fi најголемата придобивка на Wi-Fi мрежата од создавањето на оригиналниот 802.11b, пред повеќе од 20 години.
Способностите за пренос на податоци во фреквенцискиот опсег од 6 GHz вклучуваат непречено онлајн играње „потешки“ видеоигри, гледање видеа во 8К, одржување видеоконференции, можности за примена во телемедицината, како и во проширената и виртуелната реалност.
Во споредба со Wi-Fi 6, Wi-Fi 6e има помала латенција и подобро поднесува разни пречки.
Чекањето на опрема за Wi-Fi 6e на пазарот се очекува да биде значително пократко отколку што беше случај со претходните верзии на технологијата, бидејќи станува збор само за прилагодување на новата фреквенција.
Првите рутери за Wi-Fi 6e се веќе во продажба, а годинава се очекува да дојдат до поширокиот пазар. Wi-Fi 6e чиповите се веќе направени од Intel, Broadcom и Qualcomm.
Од паметните телефони, засега Samsung Galaxy S21 Ultra има вграден Wi-Fi 6e, а се очекува оваа година Wi-Fi 6e да поддржува и премиум верзии од други производители.
Извор: B92.net