Twitter ќе ја прошири употребата на ознаки за идентификување на владини налози и медиуми поврзани со државата, со цел да се зголеми транспарентноста, соопшти компанијата.
Платформата на социјалните медиуми е под интензивен притисок да се бори против дезинформациите и да ја разјасни својата политика за владините налози, особено по воведената трајна забрана за поранешниот американски претседател Доналд Трамп.
Сепак, налозите што се верификувани нема да бидат засегнати од новите правила.
Twitter во текот на изминатата година избриша лажни налози на оваа мрежа, сè со цел да се зголеми транспарентноста и вистинитоста на мрежата.
– Наша примарна цел е да им овозможиме на корисниците, каде било во светот, да имаат повеќе информации за твитовите кои ги гледаат, како и за луѓето што ги пишуваат. Не станува збор за промена на начинот на однесување на влади на различни земји, изјави директорот на Твитер, Ник Пиклс.