Американската докторка, специјалист за заразни болести Моника Ганди, од Калифорнискиот универзитет во Сан Франциско, на својот профил на Твитер објавила табела на која ги претставила резултатите од истражувањата на ефикасноста на различни вакцини против коронавирусот.
Податоците за делотворноста на шест видови вакцини, меѓу кои се Модерна, Фајзер-БиоНТек, АстраЗенека, Новавакс, но и вакцините на компанијата Џонсон/Џонсон и руската Спутник V, покажуваат дека нудат 100-процентна заштита од хоспитализација.
“Добро, ми требаше многу време да ја направам оваа табела па ве молам добро да ја погледнете колона 6: Што штити од тешки болести? Т-клетките! Погледнете ја оваа прекрасна статија https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC7584424/. Ако вирусот целосно останал без заби, вакцинацијата е безбедна”, тврди др. Ганди на Твитер.
Okay, took me a long time to make this table (icons and everything) so please appreciate column 6. What protects from severe disease? T-cells! See this lovely article: https://t.co/Z0iwJl6J2s
If virus totally toothless, defanged (Twilight references), vaccinated safe. pic.twitter.com/ZV8hWczp4a— Monica Gandhi MD, MPH (@MonicaGandhi9) February 3, 2021
Имено, таа објаснила дека вакцините против коронавирус го штитат нашиот организам од развој, не само на коронавирус, туку и од други тешки болести.
Сите нудат 100-процентна заштита освен вакцината Џонсон/Џонсон, која нуди 85-процентна заштита, додека за Новавакс нема податоци.
Оваа табела ги покажува начините на делување на поединечни вакцини, колку дози се примаат, бројот на луѓе на кои се испитани во текот на клиничките испитувања, ефикасноста од заштита од хоспитализација и смрт, ефикасност од заштита од потежок облик на болеста но и тоа колку се ефикасни против поблаг облик на болеста.
Извор: Nova.rs
Поврзани артикли