Google објави дека прекинува со инвестирање во Stadia Games & Entertainment (SG&E), што е интерна дивизија на компанијата за развој на first-party игри и содржини за Stadia платформата за стриминг на игри.
Компанијата објави дека ќе продолжи да инвестира во платформата Stadia, што го вклучува и нејзиниот понатамошен развој и фокус како платформите за екстерните гејминг програмери и студија.
Google истакна дека верува дека стримингот е иднината на игрите. „Стримингот на игрите на кој било екран е иднината на оваа индустрија и ние ќе продолжиме да инвестираме во Stadia и во нејзината основна платформа за да им овозможиме на нашите партнери и гејмерската заедница најдобро искуство на играње во облак“, се вели во соопштението на компанијата.
Компанијата, исто така, ги уверува претплатниците на Stadia дека ќе продолжи да нуди нови игри и содржинаи од независни програмери на игри. „Можете да продолжите да ги играте сите свои игри на Stadia и Stadia Pro сервисите, и ние и натаму ќе донесуваме нови наслови на платформата. Посветени сме на иднината на игрите во облак и ќе продолжиме да го даваме својот придонес за понатамошно насочување кон овој сектор на индустријата“, се вели во соопштението на Google.
Google тврди дека компанијата и натаму е фокусирана на создавање на најдобра можна платформа за гејмерите и технологии за партнерите.