Според информациите на лицата запознаени со оваа тематика, MediaTek стана дел од синџирот на снабдување на Apple кога станува збор за слушалките.
Бидејќи Apple е сопственик на компанијата Beats и нејзините фабрики за производство на слушалки, MediaTek е избран за да обезбеди некои од компонентите за овие слушалки.
Ова е прв пат MediaTek да стане дел од синџирот на снабдување на Apple, но не е познато кои компоненти ќе ги обезбедува тајванскиот производител. Индустриски извори сугерираат дека првите испораки ќе пристигнат во периодот помеѓу февруари и март оваа година.
Се прогнозите дека Apple годинава ќе испорача околу 200 милиони iPhone уреди, а на поголем дел од нив ќе им бидат потребни слушалки и тоа е сегментот во кој портфолиото на Beats (и преку него MediaTek) стапува на сцена.