Побарувачката за Chromebook уреди значително порасна во текот на 2020 година, бидејќи луѓето беа принудени да работат и да учат од дома за време на пандемијата. Сега е познато колкава беше оваа побарувачка.
Според извештајот на аналитичката компанија Canalys, проценето е дека испораката на Chromebook лаптопи се зголемила повеќе од двојно во 2020 година, од 14,7 милиони лаптопи на 30,7 милиони. За некои производители на компјутери, овој раст беше огромен – испораките на Samsung биле зголемени повеќе од четири пати (иако компанијата имаше испорака од поскромни 1,9 милиони уреди), додека Lenovo оствари сличен скок, но на 6,8 милиони Chromebook компјутери.
Растот нагло се зголеми во последниот квартал на 2020 година. Со исклучок на Acer, чии испораки пораснале само 76 проценти, зголемувањето беше драстично за другите компании – Lenovo забележа скок на испораката на Chromebook уреди за неверојатни 1.766 проценти.
Таблет уредите исто така забележаа нагло зголемување на побарувачката, но дури ни приближно колку Chromebook лаптопите. Испораките пораснале за 28 проценти во 2020 година, а најголемо побарувачка имаа Apple, Samsung и Lenovo.