Научниците кои што трагаат по вонземски живот со јавноста споделија вест за објект кој што утре ќе прелета покрај Земјата.
Објектот кој што прелетува покрај нашата планета е необичен, а некои научници веруваат дека станува збор за вонземско вештачко летало. Доколку тоа биде потврдено ќе се смета за најголемо и најнеочекувано научно откритие.
Објектот, кој што научниците го нарекуваат Оумуамуа, е долг неколку илјади метри и десет пати потесен. Неговата патека на движење е необична, откако бил повлечен од гравитацијата на Сонцето.
Интересно за овој објект е што е прв посетител за кој што научниците знаат дека е од Сончев систем кој што доаѓа од друга галаксија.
Необичноста на објектот ги интригира научниците, кои се надеваат дека е во прашање артефакт од вонземска цивилизација бидејќи неговиот облик одговара на тип на летало кои би се правело за патување низ вселената – многу простор, а мала можност за удар во комета.
Мистеријата ќе биде решена во среда во 20 часот, кога телескопот Грин банк во Велика Британија ќе го лоцира објект. Телескопот ќе го анализира во наредните десет часа и ќе се обиде да фати радио сигнал, доколку станува збор за летало. Телескопот може да лоцира сигнал од со јачина на мобилен телефон.
Научниците од програмата „Брејктру Лисен“ објаснија дека објектот може да биде и камен кој што отпаднал од некоја планета која што прмногу се приближила до Сонцето.
Името на објектот, Оумуамуа, доаѓа од хавајски јазик и значи „гласник“.