Само неколку месеци по објавувањето на iPhone 12 линијата, почнаа да се појавуваат гласини за следната верзија на смартфонот на Apple. Овој пат, новиот извештај сугерира детали за варијантата за складирање податоци за iPhone 13 Pro моделите, кои би требало да имаат опции до 1TB.
Според информациите на сајтот ITHome, iPhone 13 Pro би можел да има простор за складирање до 1TB. Само за споредба, iPhone 12 Pro моделите доаѓаат со максимум 512 GB вградена меморија. Последен пат кога компанијата од Купертино двојно го зголеми просторот за складирање беше со моделот iPhone XS, кој имаше варијанта со 512 GB.
Покрај ова, се сугерира дека iPhone 13 серијата ќе има поддршка за Wi-Fi 6E и интегриран TouchID. Стандардните iPhone 13 и мини модели би требало да користат LTPS дисплеи, додека Pro моделите треба да имаат LTPO екрани со освежување од 120 Hz и функцијата Always-On.