Сондата OSIRIS-REx на американската вселенска агенција NASA ќе тргне назад кон Земјата во мај, а се очекува дека ќе слета во септември.
OSIRIS-REx наскоро ќе го напушти астероидот Bennu и на 10 мај ќе го започне патувањето кон Земјата, две и пол години откако пристигна на споменатиот астероид. НАСА го лансираше леталото во 2016 година, со цел да собере примероци од Bennu со надеж дека ќе ги анализира и дека истите ќе овозможат подобар увид во формирањето на Соларниот Систем и зачетокот на животот на Земјата.
На 20 октомври 2020 година сондата конечно ја допре површината на астероидот и собра повеќе примероци од саканите 60 грама, при што дојде до истекување. НАСА го забрза процесот за да ги обезбеди примероците од астероидот.
Се очекува OSIRIS-REx да слета на Земјата во септември, 2023 година.
Извор: Klix.ba