Минатиот месец, аналитичар од Barclays истакна дека Apple може да ja опреми iPhone 13 линијата телефони со Wi-Fi 6E конекција. Сега истиот аналитичар го повтори ова тврдење, но уште посамоуверено.
Ова е добра вест за Broadcom, од кој се очекува да обезбеди Wi-Fi модем за новите iPhone модели, како што тоа го стори и за Samsung Galaxy S21 Ultra – првиот телефон со 6E поддршка.
Wi-Fi 6E користи нов опсег на фреквенција (од 6GHz), што ќе биде корисно за оние кои живеат во станови – начин да избегаат од загушениот 5G опсег. Исто така, 6GHz сигнали потешко поминуваат низ ѕидовите, што дополнително ќе ги намали пречките од блиските мрежи.
Новиот стандард ветува поголем проток со седум 160MHz канали (или четиринаесет 80MHz). Заостанувањето исто така ќе биде помало, што ќе ги подобри функциите како споделување на екранот или стриминг на игри.
Apple беше една од првите компании што го поддржаа Wi-Fi 6, преку iPhone 11 генерацијата. iPhone 13 серијата на компанијата се очекува во септември оваа година.