Sony во февруари минатата година го прикажа Xperia PRO телефонот, заедно со моделот Xperia 1 II. По речиси една година, компанијата објави дека Xperia PRO е достапен за претпродажба во САД, по цена од 2.500 долари.
Sony Xperia PRO според спецификациите е речиси сличен на Xperia 1 II моделот, но има 5G mmWave и 5G Sub-6 мрежи за побрз пренос на податоци, антена од 360 степени која поефикасно ги фаќа високите фреквенции на 5G mmWave сигналот.
Спецификациите на телефонот вклучуваат 6,5-инчен (1644 x 3840p) 4K OLED HDR дисплеј, со Corning Gorilla Glass 6 заштита и 21:9 CinemaWide однос на страници. Уредот го покренува 7 нанометарски Qualcomm Snapdragon 865 чип со Adreno 650 графички процесор.
Достапни се 12 GB RAM и 512 GB интерна меморија, што може да се прошири преку microSD картичка. За софтверска поддршка е задолжен Android 11.
Sony Xperia PRO на задната страна има модул со три камери, кој се состои од 12MP + 12MP + 12MP сензори, а има и 8MP предна камера. Сензорот за отпечатоци се наоѓа од страна на рамката. Телефонот има и IP65/IP68 отпорност на вода, Dolby Atmos, стерео звучници и 3,5 мм приклучок.
Уредот го напојува од батерија од 4000mAh, со поддршка за 21W USB-PD брзо полнење и Qi Wireless полнење.